Ова се локациите на кои гори во Македонија
Објавено во: Македонија 05 Август, 2017
Активни пожари има на повеќе локации во Македонија.
Авионите на ДЗС гасат во гостиварскиот регион, кај селата Здуње и Јеловјане. Активни пожари има во тетовско, во општина Чашка во планинскиот предел, а огнот се раширил и кон селото Нежилово.
Во скопскиот регион активен пожар има кај селото Моране и Студеничани.
Кај село Радуша кон Јагуновце гори нискостеблесна шума и оди преку сртот кон село Бојане.
Од вчера ДЗС има на располагање по еден хеликоптер од Турција и Бугарија.
Од селото Требовље кај Македонски Брод пожарот е префрлен во село Растеж.
Кон село Калуѓерец гори сува трева и нискостеблеста шума.