ОВА СЕ НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ: Како го заработиле првиот милион?
Објавено во: Финансии 03 Февруари, 2017
Мајк Кјубан, сопственик на НБА тимот Далас Маверикс почнал да продава прво ќеси за смет, потоа бил инструктор за танц, а одреден период водел и паб.
Година дена бил продавач на софтвер во приватна фирма.
По отказот отворил своја фирма за консалтинг и го заработил првиот милион.
Пред 2002 година пребарувачот Гугл скоро и да немал профит. Лери Пејџ и неговиот партнер, Сергеј Брин го менуваат пристапот. Идејата ја презеле од сајтот Goto.com. Сајтови на компании им плаќале да се најдат при пребарување. На овој начин стигнале до милион.
Ричард Бренсон е сопственик на Вирџин групата со 400 компании. Тој почнал со продажба на божиќни елки, издавал списание за студенти, продавал плочи, а потоа отворил и музичко студио. Од оваа работа го заработил првиот милион.
Во меѓувреме основал и сопствена авиокомпанија.
Работи и на програма за патувања на Марс.
Илон Муск е основач на Пеј Пал, Спејс Икс и Тесла Моторс. Првиот милион го заработил со продажба на видео игри.