03 Мај, 2024
0.0683

Ова се најлошите положби за спиење, што наутро ве прават уморни

Објавено во: Стил 17 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Ако сте спиеле 8 часа, а се будете уморни тогаш мора да ги смените навиките во положбата на спиење.

Овие две пози ве прават да се чувствувате изморени и ненаспани.

  1. Спиење на стомак

Оваа поза многу е тешко да ја задржите природната и опуштена положба на карлицата. Исто така, на овој начин создавате зголемен притисок на препоните и другите стомачни мускули, нозете и рацете, што го надразува нервниот систем на организмот и може да доведе до затегнување и болки во мускулите. Слично е и со положбата на главата која е поставена максимално на страна, со што тетивите се затегнати, нервите притиснати, што може да доведе до болки во вратот и неочекувани главоболки.

  1. Положба на фетус

Можеби оваа поза е онаа во која многумина уживаат, сепак таа не добра за вашето тело и сон.

Во положба на фетус карлицата е свиткана во форма на буквата C што никако не е природно.

Исто така, во оваа положба страдаат и вашите колена, кои ако долго се свиткани во иста положба ја влошуваат циркулацијата и предизвикуваат болки во зглобовите.

Оваа положба на спиење ја притиска дијафрагмата и со тоа го отежнува дишењето.