07 Мај, 2024
0.1508

Ова се новите 50 евра…

Објавено во: Стил 05 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Европската централна банка ја претстави новата банкнота од 50 евра, која треба да ја замени најчесто фалсификуваната банкнота.

Таа е со портрет од ликот на богињата Европа од грчката митологија, има подобри безбедносни карактеристики и прозор кој станува транспарентен кога банкнотата ќе се сврти на светло.  Банкнотата ќе биде пуштена во оптег во април 2017 година.

Секоја банкнота ќе има век до четири години, а за изработка ќе бидат потрошени од шест  до десет евроценти.

Во последните 15 години четири пати е зголемено користењето на банкнота од 50 евра и сега се во оптег се 8,5 милијарди банкноти, што укажува на стабилен раст во Германија и Австрија.

Просечен Германец во секое време во паричникот има околу 100 евра, а таму доминира плаќањето во готово. Германците и Австријците во 80% од случаите плаќаат во готово.

Тој процент во САД е под 40%, а во Шведска околу 20%.