ОВАА ЗЕМЈА ОДЛУЧИ: Нема повеќе летови во курдскиот регион
Објавено во: Свет 30 Септември, 2017
Ирак oд вчера воведе забрана за меѓународни летови на аеродромите во курдскиот регион во земјата.
Забраната е еден од најсилните показатели на зголемените тензии по референдумот за независност на курдскиот регион во Ирак.
Стотици патници чекале во редици на аеродромите во Ирбил и Сулаjманија со часови пре владината забрана да стапи на сила во 18 часот.
Најголем број од патниците биле странци на кои компаниите во кои работат им наредиле да го напуштат регионот.