15 Мај, 2024
0.1759

ОВИЕ АМЕРИКАНЦИ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ - работат најобични работи, но од останувањето на работа им зависи опстанокот

Објавено во: Економија 02 Април, 2024

Добивај вести на Viber

„Запознајте ги Американците кои не можат да се пензионираат“, гласи насловот на Business Insider, а ако на почетокот мислевте дека се работи за луѓе кои работат во јавниот сектор, се лажете. Тоа се луѓе кои ги работат најобичните работи, но нивниот опстанок зависи од тоа да останат на работа.

Марсија има 70 години и сè уште работи во човечки ресурси за една компанија со средна големина.

- Колку и да ја сакам работата и она што го работам, во најтемните моменти мислам дека ќе умрам на работа. Ќе умрам во оваа канцеларија бидејќи немам каде да одам, вели таа. 

За неа работата претставува достоинство и финансиски спас. Таа е далеку од семејството и нема кој да и помогне, ниту други приходи на кои може да се потпре.

Клучната причина поради која не може да се пензионира се нејзините медицински сметки, кои не би можела да си ги дозволи доколку не работи. Најпрвин нејзиниот сопруг се разболел од рак и починал пред две години, а сега и нејзе и е дијагностициран.

- Се надевав дека јас и мојот сопруг ќе се пензионираме заедно. И мислам дека мојата најголема погрешна проценка беше тоа што не планирав да бидам сама финансиски и емотивно – додава таа.

Марсија е само една од многуте Американци кои сонот за уживање во плодовите на повеќедецениската работа го замениле со потребата за уште повеќе работа.

На пример, Бил (71) сè уште работи иако се пензионираше пред две години. Тој мораше да се враќа на работа 32 часа неделно со цел да може да го потпомогне својот пензиски фонд. Седумдесетгодишната Дебра моментално бара нова работа, откако работела 50 години во на едно место каде што не била секогаш пријавена.

- Се плашам да ја напуштам куќата. Не можам да купам храна, гориво. Можам само да ги платам сметките и толку – појасни таа.

Кај Американците на возраст од 65 години и постари, 19 отсто сè уште работеле минатата година, што е речиси двојно повеќе од крајот на 1980-тите.

Минатата година просечната возраст за пензионирање беше 62 години, според истражувањето на Галуп, што е повеќе од 59 години во раните 2000-ти.

(Блиц, Телеграф, Бизнис инсајдер)

Можеби ќе ве интересира

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?