Овие градови денеска се најзагадени...
Објавено во: Македонија 08 Декември, 2017
И денеска загадени се повеќе градови во земјава.
Мерните станици на Министерството за животна средина денеска забележаа алармантна загаденост на воздухот. Најзагаден е воздухот во Тетово. Потоа следуваат Куманово, Центар, Карпош, Гази Баба, Велес и Битола каде што концентрацијата на ситните канцерогени честички ПМ10 и ПМ 2,5 е неколку пати над дозволената граница.
Во скопско почнувајќи од 1 декември загаденоста расте и концентрацијата на ПМ 10 честички.
Ниско загадени се Кочани, Кавадарци, Кичево и Дебар.