Овие региони се во жолта фаза
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2017
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 9.
Во алертна фаза се југозападниот, југоисточниот и полошкиот регион. Другите региони се во состојба на будност.
Максималната дневна температура во Скопје ќе достигне до 35 Целзиусови степени, во Маврово 27, во Охрид 32, во Битола 34, во Кавадарци 37, во Крива Паланка 30, во Берово 30, во Дојран 38 степени.
И утре и задутре времето ќе биде сончево и многу топло со можни попладневни локални поројни врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 31 до 38 степени.
Во вторник ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне се очекуваат услови за локален пороен дожд и грмежи и дневни температури од 31 до 37 степени.