Овој мост секоја година го градат и нон стоп се урива
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2018
Во Камбоџа има мост кој постојано се урива иако секоја година го градат.
Иако овој мост постои неколку децении, на два километри од него се гради мост од 800 метри кој ќе може да ја издржи тежината на возилата.
Реката Меконг се наоѓа во источна Камбоџа, а над неа во текот на летните месеци во годината се простира мост од бамбус.
Поради сушата во текот на летните месеци, штом нивото на реката се намали почнува изградбата. Откако ќе почнат дождовите, мештаните повторно се активираат и го рушат мостот. Тие го расклопуваат трска по трска и уредно ја сложуваат. Ова го прават затоа што реката ќе стане бујна и дива, а бамбусот не е доволно силен за да го издржи притисокот.