17 Мај, 2024
0.0263

Пад на индустријата во Македонија за повеќе од 10 отсто

Објавено во: Економија 31 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Индустриското производство е намалено за 10,6 отсто во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика, споредувајќи ги годинешниот и ланскиот период јануари - ноември. Во ноември тој е помал за 4 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Трајните производи за широка потрошувачка бележат опаѓање за 33,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,8 отсто. Најголем пораст бележи секторот Рударство и вадење на камен кој во ноември 2020 година, споредено со ноември 2019 година, е во плус од 8,7 отсто, но секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,2 отсто.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија се должи на намаленото производство на прехранбени производи, тутунски производи, облека, гума и пластични маси, како и метали, фабрикувани метални производи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е паднат за 4,2 отсто.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи опаѓање од 1.8 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 4.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.6 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 1.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.7 %, Капитални производи за 1.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.2 %.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА