„ПАДНА“ УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА: Маја Морачанин се повлече од лидерската позиција во ДОМ
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2024
„Падна“ уште една оставка. Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин синоќа на Фејсбук информираше дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.
„Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ. Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија. Честитки до претседателката Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Морачанин на својот профил на Фејсбук.
Вчера и Фатмир Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ.
СДСМ освои само 18 пратеници и доживеа тежок пораз.