ПАДНАА ДИЛЕРИ ВО СКОПЈЕ, ЕДЕН ОД КОСОВО: Најдени 100 кг марихуана!
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2016
Кривичниот суд во Скопје денеска им одреди триесет дневен притвор на четири лица кај кои се најдени 100 килограми марихуана наменета на турскиот пазар.
Двајца осомничени за производство и промет на дрога се македонски државјани, еден е албански, а еден е од Косово, соопшти скопското јавно обвинителство за организиаран криминал.
ОЈО ја води истрагата против четворица осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет дрога и психотропни супстанции“.