29 Април, 2024
0.0368

Паѓа извозната моќ на компаниите од зоните: Бројките непознати

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Колкав е извозниот перформанс на компаниите во домашните индустриски зони досега во оваа кризна година? Надлежните признаа дека извозот на компаниите кои се претежно со странски капитал е значајно паднат, но не ги соопштија најновите бројки. За премиерот Зоран Заев, добар показател е што овие фирми не испуштиле вработени, но сосем е јасно дека нивната извозна издишаност во услови на криза е и клучна за намалувањето на извозниот потенцијал на земјата ако се има предвид дека тие креираат половина од вкупниот извоз на земјата.

„Речиси сите работници во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 (Бунарџик) ги задржаа своите работни места и придонесуваат во одржување на стабилност на македонската економија, изјави премиерот Зоран Заев кој заедно со директорот на ТИРЗ, Александар Младеновски, пред пет дена извршија увид во работите на асфалтирање на булевар и улици во зоната.

Сепак остана нејасно колкав е точно падот. Народната банка веќе нотираше дека се намалува динамиката на домашниот извоз, а најголемиот придонес за намалената извозна активност доаѓа од понискиот извоз на хемиски производи и машини и транспортни уреди, коишто заеднички формираат околу половината од вкупниот извоз ( тоа е извозот од зоните претежно).

„Ваквите движења укажуваат на влијание на корона-кризата врз работењето на домашните извозни капацитети, и во нивни рамки на новите производствени капацитети, чијашто активност веќе забави во 2019 година под влијание на ослабената странска побарувачка, сметат од Народната банка.

Според податоци од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони во првите шест месеци годинава извозот од зоните е 915 милиони евра и е за над 33 проценти понизок во однос на истиот период лани. Вкупниот увоз кој тие компании го направиле е 810 милиони евра или нето ефектот е само 104 милиони евра. Ова е сепак подобро остварување во однос на истиот период лани. Имено, вкупниот извоз од ТИРЗ зоните во првите шест месеци од 2019 година изнесува околу 1,4 милијарди евра, додека нето-извозот како додадена вредност е само 71 милиони евра. Нешто поголем е нето-извозот од зоните во 2018 година кога бил 340 милиони евра.

Она што е забележливо е високата “увозна компонента” на извозот на странските компании во зоните.

Премиерот информираше пак, дека во зоните работат вкупно 13.480 вработени и никој не е отпуштен.

Инаку годинава поради ковид кризата се намалуваше и индустриското производство. Намалувањето на активноста беше карактеристично за поголемиот број индустриски гранки, а најголем пад имаше групата дејности во кои се активни странските извозни капацитети поврзани со автомобилската индустрија, како што се производството на машини и уреди, електрична опрема и моторни возила.

Инаку според Државниот завод за статистика  вкупната вредност на извозот на стоки од земјава во периодот јануари ‒ август, изнесува 213.958.811 илјади денари и бележи пад од 17,6 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 287.721.653 илјади денари, што е за 14,9 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 73.762.842 илјади денари. 

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). 

Во периодот јануари ‒ август 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја