Пак се стресе грчкиот остров Самос
Објавено во: Балкан 02 Ноември, 2020
Повторно се стресе грчкиот остров Самос.
Станува збор за потрес со јачина од 4,1 степен кој денеска го стресе Самос, соопштил Институтот за геодинамика при опсерваторијата во Атина.
Епицентарот на земјотресот, кој се случил во 13:58 часот по локално време, бил на 17 километри североисточно од Самос, објави "ANA".
Засега нема податоци за материјална штета или жртви.
Деновиве при силниот потрес во турскиот град Измир, се стресе и Самос.Повеќе слаби потреси денеска имало на грчко и турско тло.