15 Мај, 2024
0.0288

ПАНДЕМИЈАТА НЕМА ДА ЈА СПРЕЧИ: Германија ќе ги отвори вратите за земјоделските сезонски работници

Објавено во: Свет 03 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Сезонските работници во земјоделството и покрај пандемијата на коронавирусот, повторно ќе можат да добијат влез во Германија, бидејќи земјоделскиот сектор во земјата предупредува на можен прекин на снабдувањето со храна.

Само една недела, откако беше донесена забрана за флуктуација на луѓе, германските власти сепак дозволија во земјата да дојдат 80.000 работници во овој сектор..

Германската министерка за земјоделство, Јулија Клокнер вели дека тоа е добра вест:

-Ова е добра вест за нашите земјоделци. Ни жетвата ни сеидбата не чекаат“, изјави Клокнер, пренесува Фајненшал Тајмс.

Истовремено, министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер, вели дека не смее да се случи застој во државата, посебно не во економијата.

-И покрај пандемијата имаме решение кое ќе обезбеди добра жетва во Германија, но истовремено, државата ќе продолжи да го штити здравјето на населението.

Во текот на овој и следниот месец, односно во мај, согласно новата одредба, земјоделските компании ќе може да доведат дури 80.000 работници,а од нив владата побара фармите да вработат уште 20.000 работници кои се во моментов невработени во Германија, односно имаат статус на студенти или се баратели на азил. Проценката е дека за овој важен сектот во Германија во наредните месеци ќе бидат потребни најмалку 100.000 дополнителни работници.


Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“