04 Мај, 2024
0.0245

ПАРАФОТ НА ТРАМП: Американски ѕид за раздор или развој на САД?!

Објавено во: Свет 26 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Шестиот ден откако влезе во Белата Куќа, Претседателот Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за изградба на ѕид помеѓу САД и Мексико, со што исполни едно од своите предизборни ветувања.

„За ова зборувавме од самиот почеток“, рече Трамп додека го потпишуваше документот.

Тој исто така нареди да се одземаат средства на градовите кои се засолниште на имигрантите без документи.

Со изградбата на ѕидот Трамп сака да ги спречи илегалците да влегуваат во САД, како и криумчарите на дрога. Ѕидот треба да почне да се гради за неколку месеци, а ќе биде изграден од бетон и челик.

„Нацијата без граница не е нација. Почнувајќи од денес, САД ја враќа контролата над своите граници.“

Според него, со овој чекор, ќе се спасат илјадници животи, милионi работни места и милијарди долари.

„Тие две наредби се дел од имиграциските реформи кои ги договоривме за време на кампањата. Морам да нагласам дека ќе соработуваме со пријателите во Мексико, за да им ја зголемиме безбедноста и економските прилики од двете страни на границата“, нагласи Трамп.

Откако стави параф, Трамп одржа и прес конференција за медиумите во која се пофали со својата нова одлука.

„Има незапаметена навала на илегални мигранти од Средна Америка која оди на штета на САД и Мексико. Мерките кои ќе ги спроведеме ќе ја подобрат безбедноста на двете земји. Тоа ќе биде многу, многу добро за Мексико“, изјави претседателот Трамп.

Претседателот изјави дека му се воодушевува на народот во Мексико и очекува соработка. Трамп се радува на состанокот со претседателот на Мексико, за кој рече, дека многу брзо ќе се случи.

„Ќе разговараме за координација за важни прашања за нашата земја. Тоа вклучува разделување на картелите и задржување на легалните пари и оружје надвор од САД и Мексико. Тие, но и ние, мораме тоа да го спречиме“.

Рече дека лошите луѓе мора да се протераат надвор, за да не можат бандите и картелите да останат во САД. Најави и дека ќе вработи три пати повеќе имиграциски и царински службеници, како и уште 500 полицајци на границата.

Ѕидот ќе биде 12 метри висок, 1.609 километри долг

Според претходни изјави на Трамп, ѕидот би бил висок меѓу 10 и 12 метри, а како што рече тој, ќе има „убава, голема врата низ која ќе влегуваат добри луѓе“.

Границата меѓу САД и Америка е долга 3201 километар, а ѕидот треба да биде долг 1609 километри. Природните бариери како што се реките и националниот парк ќе оневозможат на некои делови да се гради ѕидот. Ќе минува низ Калифорнија, Аризона, Њу Мексико и Тексас.

Според некои проценки изградбата ќе чини 26 милијарди долари, иако Трамп смета дека тие суми се претерани.

За изградба на ѕидот на Трамп му е потребна поддршка од парламентот. Покрај тоа постои и правен проблем, бидејќи на некои места земјиштето покрај границата е приватна сопственост.

Трамп и натаму тврди дека Мексико во целост ќе ја плати изградбата на ѕидот. Засега се уште нема реакции од мексиканските власти. 

М.Ј.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време