ПАРИТЕ НЕ ВЕ ПРАВАТ СРЕЌНИ НА РАБОТА: Што е поважно од финансиите?
Објавено во: Финансии 21 Март, 2017
Истражувањата покажуваат дека независноста на работа ве прави среќни и продуктивни.
Парите не се најважни. Самостојноста е пресудна, и таа варира од тоа како ќе работите, на кој проект ќе работите, на донесување на одлуки и каде би работеле.
Повеќето вработени сакаат да имаат избор. Ова важи како за поединци, така и групи.
Истражување со 1.380 луѓе од Тајван покажува дека колку се позадоволни од работата, толку е помала желбата да ја напуштат работата и да одат на друго работно место.
Независноста ги ублажува негативните чувства и го намалува стресот.
Се советува шефовите да ги поттикнуваат вработените самите да ги утврдуваат целите.