04 Мај, 2024
0.0254

ПАРИТЕ СЕ ОД ЈАПОНИЈА - фирми, од среда навалете на новите бескаматни кредити

Објавено во: Финансии 24 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Веќе од среда, 29 април, микро, малите и средните компании од сите дејности погодени од кризата ќе можат да аплицираат за КОВИД 2 линијата бескаматни кредити од 8 милиони евра. 

„Ова ќе биде значајна ликвидносна инјекција и помош за фирмите. Ова ги опфаќа сите дејности погодени од кризата, и има олеснети услови и начин за аплицирање“, рече министерката за финансии Нина Ангеловска. 

Средствата за овие кредити се обезбедени од компензационите фондови од Јапонија. Традиционално имаме добри односи и досега сме имале поддршка од Јапонија во повеќе сфери, за што сме благодарни, нагласи првата финансиерка. 

Бескаматните кредити кои од 29 април ќе им станат достапни на фирмите се за зачувување на работните места и за заштита на ликвидноста на фирмите. Тие се дел од вториот сет владини економски мерки.

Оваа втора линија бескаматни кредити следува по првата која беше 5,7 милиони евра и беше наменета за најпогодените три сектори, туризам, транспорт и угостителство. Според министерката, за првата линија имаше исклучително голем интерес. Одобрени се апликации на 254 компании во износ од 2,2 милиони евра, со 3.000 вработени лица. 

„Интересот за бескаматни кредити е многу поголем, тка што КОВИД 2 линијата доаѓа во вистинско време. Таа е наменета за сите дејности. Максималниот износ на кредитот е 90 илјди евра и е за три пати повисок од првата линија. Минималниот износ е 3.000 евра. Сумата за секоја фирма ќе се одредува спрема бројот на вработени кој компанијата го имала заклучно со 31 јануари, така што минималната плата ќе се помножи со бројот на вработени и со три месеци. Ова е со цел да се заштитат работните места“, рече Ангеловска. 

Трошоците за аплицирање кон Развојната банка нема да се плаќаат.

Рокот на отпалата е до три години, со вклучен грејс период до 12 месеци, а обезбедувањето е со меница.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата