07 Мај, 2024
0.0261

Партиите и денеска на митинзи, кампањата се ближи кон крајот

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Кампањата се ближи кон крајот, а на партиите им остануваат уште шест дена за претставување на програмите со кои ќе ја бараат довербата од гласачите. 

ВМРО­-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Кратово, Пробиштип и Крива Паланка.

Koaлицијата на СДСМ „За подобар живот“ денеска ќе одржи митинзи во Ресен и Битола. Претходно во Битола, пред Центарот за социјална работа во населба Карпош, изјава за медиуми ќе даде Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка на кандидатската листа во ИЕ 5.

Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1, Ден Дончев на коалицијата „ВМРО за Македонија“ денеска од 12 до 14 часот ќе оствари средби со граѓаните на Аеродром, пред трговскиот центар Бисер, како и на Кисела Вода, на просторот пред рампа.

Централниот караван на „Коалицијата за промени и правда“, предводена од Демократскиот сојуз, денеска во 13 часот ќе одржи митинг во Радовиш, на кој ќе се обратат лидерот на ДС, Павле Трајанов и носителот на листа во ИЕ 4, Слободан Богоески. Потоа претставници на коалицијата ќе имаат средби во селата Дедино и Ракитец, а митинг ќе се одржи и во Конче, со почеток од 17 часот.

Претставниците на коалицијата „Преродба со Беса“ денеска ќе имаат средба во Чаир со поранешните политички осуденици.  Во 13,30 часот ќе одржат конференција за медиуми и ќе го презентираат проектот „Кораби 2025". Потоа коалицијата ќе има средби со граѓаните во повеќе населени места од општина Гостивар.

ДУИ денеска ќе одржи конференција за медиуми во Тетово за досегашниот тек на кампањата. Али Ахмети, претседателот на ДУИ ќе има средби со граѓаните во општина Чаир, а централен собир ќе има во Куманово.


Можеби ќе ве интересира

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена