04 Мај, 2024
0.0265

Паскали: Со вода нема играње и многу е тешко некој да се бори со водена струја

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Со вода нема играње, вели Никола Паскали од Нуркачкиот Центар Акватек од Охрид. Пред неколку дена морска струја повлече три момчиња од Македонија на Халикиди во Грција, по што двајцата беа пронајдени и спасени, а по третиот се трага.

Паскали советува луѓето на интернет и од локалните жители да се информираат дали на одредена локација е опасно да се капат.

„Кога одиме на некое патување се информираме за опасностите и ризиците на тоа место. Нема разлика дали одиме на море или во урбана средина. Не ми е познато дали плажата била соодветно обележана, дека е опасно за капачите зашто има јаки водeни струи. Без разлика дали опасните места се обележани или не, ние мора да се информираме за ризиците и опасностите на тоа место. Посебно во морињата каде што има јаки струи е страшно. Плус се работи за вода и треба многу да внимаваме. Никогаш не треба да влегуваме во вода без да се информираме за тоа место. Тоа може за нас да изгледа безопасно, но не е така. Има многу опасности. Од микроорганизми до јаки подводни струи. Едно капење во некоја навидум мирна и чиста вода може да биде фатално. Затоа мора да се информираме. Информации може да најдете на интернет или да прашате некој локален жител. Најдобро е комбинирано. Во случај да немате информации, не ризикувајте. Уживајте во глетката и звуците. Исто така многу се опасни карпестите брегови со бранови. Треба многу да се внимава и да бидете претпазливи. Со вода нема играње. Не можете да се борите со водата. Многу често нас нуркачите кога ќе нè фати поголем бран на излегување им велам: Не се тепајте со водата, танцувајте, фатете го ритамот на бранот и танцувајте. Не можете да се борите. Тоа е вода. Многу тешко некој да се бори со водена струја“, вели Паскали.

Тој објаснува дека во случај да ве повлече водата, на почетокот можете да пробате да излезете од нејзиниот пат, но веќе ако ве однесе нема борба, туку одржувајте се на површина, тешко е да управувате, и таа само ќе ве носи.

„Топката многу му има помогнато на Иван и треба да бидете во добра кондиција за да издржите толку многу време во вода, 20 часа. Дехидрацијата е најголемиот непријател. Се наоѓате во вода, но не можете да пиете, солената вода уште повеќе ве дехидрира. Така да никако да не пробувате да пиете и останува да чекате да ве пронајдат. Во случај да се најдете во таква ситуација, фрлете пловен предмет, веднаш информирајте ги службите и трудете се да не го испуштите од вид. Не можете да помогнете ако скокнете во таква струја. Основно за секој давеник е да му се фрли некој пловен предмет за да се одржи над вода. Веќе ако се пристапува до давеникот, се оди од зад него или зануркувате и излегувате зад давеникот. Ако ве дофати е многу опасно. Затоа треба многу да се внимава. Информирајте се за местото од повеќе извори, интернет, локално население, искуства од пријатели. Се надевам и верувам дека ќе го пронајдат и последниот исчезнат. Четири дена се многу на море без вода. Се надеваме на среќен крај. Голема благодарност до колегите од Грција и локалното население. Покажаа и докажаа дека имаат почит“, додава Паскали.

Иван кој 20 часа беше на море и се спаси благодарение на топката која деца од Солун ја изгубиле во друго летувалиште, си замина од болницата во Солун. Два дрона и куче спасител трагаа по исчезнатиот Мартин Јовановски во водите на Егејското море. Во потрагата се активираа и неколку бродови. Иако по грчките закони потрагата требаше да запре по 72 часа, сепак македонското Министерство за надворешни работи (МНР) реагираше и  таа продолжи.

Граѓаните можат да помогнат потрагата да продолжи. 


Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра