17 Мај, 2024
0.0477

Патот на смртта замина во историјата, најголем ќар за трговците и земјоделците!

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

По точно 60 години жителите од Струмичкиот и Радовишкиот регион го дочекаа денот кога повеќе нема да ги кршат своите возила минувајќи го овој патен правец послан со макадамска коцка, последен таков пат во државата. Изградбата на последната делница во должина од 10 километри меѓу селата Сурдулци и Радичево заврши и патот е предаден во употреба. Изградбата и реконструирањето на овој патен правец, долг 30 километри, почна пред 20 години со асфалтирање на делницата до селото Владевци. Продолжи десет години подоцна, во времето на владата на Љубчо Георгиевски, кога беше изградена делницата од Струмица до селото Василево. Во времето кога премиер беше Владо Бучковски беше изградена делницата од неколку километри  на потегот од излезот на Радовиш до кључката кај селото Воиславци, и сега конечно во премиерскиот мандат на Никола Груевски привршува изградбата на последната делница. - Стариот пат со коцки останува да потсетува на едно минато време. Пред нас е новиот пат преку кој граѓаните ќе се движат многу побрзо и побезбедно. По стариот пат се водеше по 30 или 40 километри на час, имаше многу сообраќајки и возачите мака мачат да ги избегнат дупките и тумбите за да не ги оштетат своите возила, подвлече Груевски. За многумина овој пат досега беше „пат на смртта“, бидејќи многу често се случуваа собраќајни несреќи со трагични последици. Според статистиката патот Струмица-Радовиш е еден од најнебезбедните во државата, но и мошне ферквентен. Дневно по него поминуваат над три илјади возила. Месечно се случувале по три сообраќајни незгоди, од кои повеќето со смртни последици. Граѓаните реагирале до надлежните и изнесуваат фрапантни податоци за дефектите кај возилата предизвикани од руинираната патна површина. Последната делница од патот Струмица-Радовиш требаше да биде завршена во август лани. Доцнењето е предизвикано поради пробивање на роковите за изградба од поранешните изведувачи. По новиот тендер на Агенцијата за патишта, изградбата ја продолжи компанијата „Гранит“ пред три месеци. - Доцнењето во изградбата беше заради проблемите со претходниот изведувач и европската економска криза, но ветувањето кон граѓаните и одговорноста што кон ја чувствуваме беа посилни од се, беа нашата водилка да ги надминеме и ги надминавме сите потешкотии и проблеми, рече министерот Зоран Ставрески. Од завршувањето на изградбата на делницата Струмица – Радовиш најмногу очекуваат земјоделските производители и трговци, бидејќи секоја година најголем дел од над 250-те милиони килограми рано-градинарско производство се транспортира во земјава и во странство токму преку овој патен правец.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање