27 Април, 2024
0.0260

Патувајте во цела Европа, освен во Косово

Објавено во: Стил 14 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Речиси цела Европа важи за безбедна туристичка дестинација, а исклучок е Косово, пренесува виенскиот днавник Кронен цајтунг повикувајќи се на „Травел риск мапата“.

Весникот наведува дека туристите при изборот на дестинација го земаат предвид стравот од тероризам, висока стапка на криминал и услови за медицинска заштита, и имајќи го тоа предвид Австрија во овој момент е исклучително посакувана дестинација.

Во Австрија, како што пишува весникот, често расте бројот на домашни туристи, па така статистиката бележи дека минатата година дури 87 отсто од Австријанците најмалку еднаш одморот го поминале во својата земја.

Како посебно безбедни дестинации се споменуваат уште и Словенија, Швајцарија, Луксембург, Норвешка, Данска, Шведска и Финска, но и Гренланд и Исланд.

Исто така, наведува весникот, незначителен ризик за безбедноста има во Австралија, Нов Зеланд, Кина, Јапонија, САД и Канада, како и во делови на Јужна Америка, додека сосема небезбедно е во Африка и на Средниот исток.

Екстремно висок ризик има во Авганистан, Сирија, Сомалија, Мали, Ирак и Јемен.

Министерството за надворешни работи на Австрија на својот сајт има предупредувања за многу држави, а пред се за Авганистан, Ирак, Јемен, Мали, Либија, Мавританија, Сомалија, Јужен Судан , Сирија и Централноафричката Република.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти