ПАТУВАЛ ЗА АМЕРИКА, АМА НА АЕРОДРОМ МУ ФАТИЛЕ СТАРИ МОНЕТИ - Царината ги заплени, вредни се над 38 илјади евра
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2023
Македонец патувал за Америка, ама на скопскиот аеродром Царината му запленила вредни стари монети, со проценета вредност од околу 2,3 милиони денари или над 38 илјади евра.
„На 22.07.2023 година, околу 17:00 часот на Меѓународниот Аеродром во Скопје на излез од државата, царинските службеници селектирале за контрола багаж на патник - македонски државјанин кој патувал за САД. Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари.
Монетите се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство“, се вели во соопштението опд Царинската управа на Македонија.