30 Април, 2024
0.0253

Пазари во развој, на готовс пред промената на монетарната политика на ФЕД!

Објавено во: Анализа 27 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Пазарите во развој да се подготват уште сега за идната промена на монетарната политика на Федералните резерви на САД, предупредува во својата анализа поранешниот главен економист на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проф. Симон Џонсон. Еве кои се неговите совети: Нестабилноста на финансиските пазари предизвикана од изјавата на претседателот на ФЕД Бен Бернанке во мај, дека централната банка може да го намали обемот на месечна програма за откуп на обврзници, го загрижи светот. Тие беа од сортата на: "Ве молам, г-дин Бернанке, погледнете ја  состојбата и на нашите економии, кога одлучувате дали да ја прекинете програмата за квантитативни олеснувања." Тоа нема да се случи. ФЕД ќе го утврди курсот на монетарната политика спрема економските податоци од САД. И економистите, и политичарите од целиот свет треба да го разберат ова и да се подготват. Неодамна ФЕД ги прошири линиите за избраните пазари и, што е уште поважно кон  Европската централна банка. Во 2007 година проблемот во еврозоната беше дека најголемите банки на континентот земаа заем во долари и кога кредитните услови беа затегнати, тие не можеа толку лесно да обезбедат долари, за да продолжат да ги финансираат своите операции. Без никакво двоумење ФЕД обезбеди помош на европскиот  банкарски систем, за да остане платежоспособен. Фед исто така по сила на законот е одговорен да ја одржува ниска невработеноста и инфлацијата во земјата. Членовите на Федералната комисија за отворениот пазар (Federal Open Market Committee, или FOMC) само можат да разликуваат што точно значи тоа. На пример, тие често ги менуваат ставовите за прифатливото ниво на невработеност. Не секогаш се стремеле кон ниво на невработеност од 2%, кое денес го сметаат за прифатливо. Од другастрана FOMC одлично ја сфаќа улогата на американскиот долар за светската економија . Оваа улога измина долг пат. На конференцијата во Бретон Вудс во 1944 година политиката на САД се стекна со еден основен принцип - страните треба да бидат охрабрени да се одржи дел од своите резерви во долари. Сепак кога во 70-тите години на XIX век системот на фиксни девизни курсеви од Бретон Вудс се распадна , повеќето сметаа дека силата на американскиот долар како меѓународна резервна валута ќе ослаби . Ништо не би можело да биде подалеку од вистината. Пред 1971 година, централните банки држеа долари, бидејќи сметаа дека тие можат, ако е потребно, да бидат разменети за злато - столбот на системот на фиксни девизни курсеви. Но откако под интензивен притисок претседателот Ричард Никсон се скрати нишката меѓу златото и долари, девизните курсеви почнаа да варираат многу повеќе од порано. За централните банки кои бараат безбеден предност, во која да формираат резерви, одеднаш стана јасно дека големите резерви од американски долари  се најдоброто решение. Денес обемот на доларите како резерви, е многу поголем од оној во 1971 година Приватните инвеститори исто  така ги прифаќаат американските пари како засолниште. Доларот ја задржува својата  превласт во трговијата и меѓународните финансиски трансакции пред останатите валути. Заедно со тоа на глобално ниво обемот на овие трансакции продолжи да се зголемува. Конкурентските валути добија улогата на противник " тешкаш " , но само за да отстапат , откако економските услови во нивните земји се влошија уште повеќе . Размислете за јенот и еврото. Следниот кандидат ќе биде кинескиот јуан . Но кој ли пак сака да се обложува против економската и финансиската стабилност на Кина, во наредните две децении? Познато е и ветувањето на Америка дека може да си ги земете парите и да си одите дома. Или да пазарите во САД - купете си што ќе посакате, додека сеуште тоа е легално. Можноста да заменување пари за стоки е својство на секоја резервна валута. Несомнено тоа значи дека остатокот од светот сепак е изложен на влијанието на монетарната политика на САД. Кога американската монетарна политика е лабава, ниските каматни стапки ја поттикнуваат плимата на капитал насекаде - тренд кој ќе  се прошири во многу други економии. Кога САД ќе ја  затегнат монетарната политика, високите камати ќе предизвикаат одлив на капитал од пазарите во развој. Ова е вистинската реалност. Најдобар начин да се подготвиме е да ја намалиме кредитната активност во периоди на подем, да не дозволуваме на домаќинствата и фирмите да заземаат премногу и да воспоставиме високи капитални барања за сите банки и другите финансиски институции. ФЕД минатиот месец ги изненади пазарите, кога одлучи да не го менува курсот на програмата за квантитативни олеснувања. Но оваа акција покренува голем број непознати пред останатите економии - не знаеме со точност кога ФЕД ќе ја заостри својата монетарна политика. Затоа - бидете подготвени! К. К.