27 Април, 2024
0.0257

Пченицата ќе чини од 13 до 15 денари во зависност од квалитетот

Објавено во: Агробизнис 06 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Мелничарите, земјоделците и министерот за земјоделство, Љупчо Димовски договорија откупната цена на пченицата да изнесува од 13 до 15 денари, во зависност од кавлитетот.

Министерот Димовски истакна дека Македонија со условениот увоз на пченица и брашно од соседните држави го штити своето  домашно произвдоство. Но, по најавата на Србија дека и таа ќе воведе условен увоз на македонското вино и домати, Димовски забележа дека нашиот сосед треба да има контраагрументи. Македонија одлуката за условен увоз на пченица и брашно од Србија ја има донесено согласно законот за земјоделство и договорот со ЦЕФТА.

Но, Владата на Србија вчера соопшти дека ќе воведе мерки на реципроцитет кон Македонија доколку во наредните 10 дена не биде решен проблемот на ограничување на увоз на српско брашно и пченица во таа земја.

Министерот за трговија на Србија, Расим Љаиќ,  упати писмо до ЦЕФТА со итно барање на вонредна седица на ова тело по повод решението на македонската влада, со кој е прекршен договорот на ЦЕФТА.

Нашата земја оваа година од Србија има увезено 27 000 тони брашно, според Димовски со ограничениот увоз на брашно и пченица од соседна Србија се заштитува мелничарско-пекарскиот сектор, кој го врши домашниот откуп на лебното зрно.

Мерките на Владата на Македонија, според која за еден килограм увезена пченица македонските увозници мораат да купат 3 килограми домашна пченица, а за килограм брашно 4 килограми домашна пченица, започнаа да се применуваат од 1. јули.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади