26 Април, 2024
0.1799

Железница зајми педесeт милиони евра зa вагони

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Европската банка за обнова и развој одобри заем од 50 милиони евра на МЖ –Транспорт. Заемот на ЕБОР, е обезбеден со гаранција од државата и има период на отплата од 15 години. Парите ќе се искористат за набавка на шест нови патнички воза и 150 вагони , како и за поправка на три електрични локомотиви. Дополнително ќе се употребат и за подобрување на енергетската ефикасност во компанијата. Тедерската постапка се очекува да се заврши во текот на следната година , по што зависно од изброт на компанијата од која ќе се купуваат возовите ќе се утврди и динамиката на нивната испорака. „Според податоците од железницата возовите со кои располага команијата се стари од 30 до 40 години. Последниот нов воз е набавен во 1978 година , а тоа е кога јас сум се родил“ , изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски. Претставниците на ЕБОР пак посочија дека подобрувањетона железничките услуги во Македонија се важни цели а до МЖ Транспорт сметаат дека со ова ќе се подобрат услугите што им се нудат не само на патниците туку и на компаниите што пак се очекува да донесе економски бенефити за железницата. Сепак , директорот на МЖ Транспорт Оливер Дерковски, одби да одговри како ќе се справи со постојаното најавување на штрајкови во железницата од страна на вработените бидејќи во континуитет компанијата има проблем со исплата на плата. „Тие штрајкови ги закажуваат синдикати кои не се репрезентативни“, изјави Дерковски. Сепак не  одговори дали репрезентативен синдикат во железницата е оној каде претседател е сопруг на една од  директорките во компанијата. На ова прашање упати одговор да се бара од вработените . Во август годинава пари од ЕБОР доби и другата железничка компанија МЖ Инфраструктура . Станува збор за сума од 46,4 милиони евра кои треба да се употребат за надградба на 30 километарската железничка делница која е дел од Паневропскиот железнички коридор 8, кој ја поврзува Македонија со со Албанија на запад и со Бугарија на исток.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија