26 Април, 2024
0.0277

Пелагониските компании бараат можност за инвестирање во слободната индустриска зона

Објавено во: Мои пари 10 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Еднакви развојни можности, и опција за извозно ориентираните локални компании да инвестираат во слободната економска зона, бараат компаниите од пелагонискиот регион. На средбата со претприемачите и менаџерите на малите и средни компании од прилепскиот регион, организирана од Бизнис Конфедерација на Македонија, беше разговарано и за тековните, актуелни проблеми и предизвици со кои се соочуваат компаниите од овој регион.

Целта на средбата е унапредување на бизнис климата и создавање подобри услови за работа на локалните компании.

Одржуваме постојани контакти со нашите членови, спроведуваме истражувања, анализи и мерење на состојбите во разни сфери на општественото делување на локално, национално и регионалнониво со што сме релевантен катализатор на изразувањето на деловната заедница и поттикнувач на социјалниот дијалог и индустриските односи во земјата.Со промовирањене концептот на одговорно водење бизнис, ја поттикнуваме одржливоста на економијата и долгорочниот развој на компаниите. Овие директни средби само одат во прилог на тоа, го зголемуваат нашиот делокруг и го интензивираат нашето дејствување и конкретните чекори во реформските зафати, законските измени и економските стратегии, со цел обезбедување на продуктивна бизнис клима“, изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.

Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите, Бизнис Конфедерација на Македонија изработи платформа од предлог политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Владеење на правото, Пристап до финансии, Претприемачка култура, Лојална конкуренција и Овозможувачка правна и регулаторна средина се насловите на овие платформи.

Создавањето на предлогполитиките,како и организацијата на настанот се поддржани од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Бизнис Конфедерација на Македонија организира серија вакви средби и промотивни настани во повеќе градови и региони од државата, во кои се вклучени голем број сопственици, претприемачи и менаџери.

Можеби ќе ве интересира

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком