27 Април, 2024
0.0257

Пелагониските земјоделци не очекуваат промена на одлуката за заштита на пченицата

Објавено во: Агробизнис 11 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Пелагониските земјоделци не очекуваат дека Владата на Македонија ќе ја промени одлуката за заштита на домашната пченица. Тие за ова во наредните денови ќе зборуваат и со премиерот Никола Груевски.

Ова доаѓа по вчерашната средба на министерот за земјоделие на Македонија и министерот за надворешна и внатрешна трговија на Србија. Српскиот министер беше дециден дека очекува и добил ветување дека Владата на Македонија ќе ја отповика донесената одлука. „Ние очекуваме во текот на наредните неколку денови да се сретнеме со нашиот премиер, за да му ги кажеме нашите маки ако дојде до замрзнување, односно отповикување на оваа одлука и се надеваме дека ќе имаме помош од него“ вели Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделци, објави „Макфакс“. Според Тантаров заради временските неприлики, ќе има помал род, но со подобар квалитет. Министерството за земјоделие по вчерашната средба соопшти дека одредбата за врзување на увозот на пченица и брашно со откуп на домашна пченица може да се случи откако воведената мерка ќе даде резултат.

Но, покрај тоа што првично земјоделците беа шокирани од најавата дека мерката ќе се укине, сега велат дека и онака секоја година по краток период од воведувањето, мерката се повлекувала.

- Доколку повлекувањето на мерката биде за неколку месеци односно наесен кога ќе би завршил и откупот кај нас, тогаш нема никаква опасност од нејизното укинување. Секоја година ние во ек на жетва бараме воведување на оваа мерка, а потоа кога работите ќе се стабилизираат сами бараме мерката да се повлече, вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.

Според бизнисмените од  мелничко-пекаркаста индустрија доколку мерката се укине овој период, тогаш тие ќе мора да ги променат сегашните склучени договори за откуп на пченица со домашните производители, пазарот ќе биде либерализиран и нив во тој случај поефтино ќе им биде да земаат пченица од Србија чија откупна цена во моментов е 9 денари за килограм.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади