ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2024
Претседателот Стево Пендаровски го честита големиот христијански празник Велигден на верниците.
„Враќајќи ни ја надежта во општото добро, овој празник нѐ потсетува дека сме си потребни едни на други и дека сме одговорни едни за други. Следејќи го Христовиот пример, да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество во кое ќе има место за секого бидејќи, секој човек, независно од етничката, верската, јазичната, социјалната, политичката или која било друга припадност – е наш ближен“, пишува Пендаровски во честитката.
И другите политичари го честитаа празникот.
фото Фејсбук/Стево Пендаровски