Добивај вести на Viber
Претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук информира дека ниту тој, ниту неговиот Кабинет не користел странски компании за правење на анкети, стратегии, ниту пак комуникациски услуги од домашни експерти.
„Така ќе биде и за време на претседателската кампања 2024, нема да се користат ниту странски, ниту домашни комуникациски експерти, ниту пак ќе се нарачуваат анкети. Александар Николоски и ВМРО-ДПМНЕ нека се насочат кон нивните сопствени стратези и анкетари и нека си ги прочитаат анкетите во кои очигледно стои дека во вториот круг победник на претседателските избори е Стево Пендаровски. Александар Николоски најверојатно е последниот функционер од ДПМНЕ кој треба да разговара за мојата плата“, пишува Пендаровски.
Додава дека нема поголема перверзија за криминал да обвинува вториот човек на партијата која со години е синоним за организиран криминал и чија сметка со години е блокирана.
Николоски претходно во гостување на Алфа рече дека врвот на СДС е окупиран од бандити и криминалци кои што политиката ја сфаќаат како начин како да се отвори пат на нови форми на криминал и корупција, и како да се стигне до ситуација да се покраде државата.