29 Април, 2024
0.0438

Пензионерите - клиенти на Халкбанк, февруарската пензија веќе ја имаат на својата сметка

Објавено во: Мои пари 29 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Пензионерите кои своите пензии ги добиваат преку сметка во Халкбанк АД Скопје веќе денеска можат да располагаат со средствата.

Халкбанк на последниот ден од февруари, изврши исплата на февруарските пензии продолжувајќија праксата за предвремена исплата на пензии за сите оние пензионери кои се нејзини клиенти.

Иако од септември ланската година, со оглед на завршување на пандемијата, деловните банки ја прекинаа праксата за предвремена исплата на пензии и се вратија на стариот начин на исплата, односно на 1-ви во месецот директно од буџетот на државата, Халкбанк, согласно својата деловна политика и во интерес на своите клиенти продолжи со праксата за предвремена исплата на пензии.

Со цел на клиентите да им бидат достапни средствата до својот дом и да си го заштедат своето време им се овозможува достава на пензија на домашна адреса, благодарение на партнерството меѓу Македонска пошта АД и Халкбанк АД Скопје. Исплатата може да се изврши и на шалтерите во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија само за клиентите кои  имаат дадено согласност за трансакции преку пошта. За оваа услуга клиентите може да се пријават преку сите филијали на банката и преку сите шалтерски места на пошта.

Дополнително, пензионерите кои се клиенти на Халкбанк, имаат можност за  подигање готовина од сите банкомати во државата, без надомест, со Mastercard Debit Contactless меѓународната картичка, издадена од банката.

Па така,примателите на пензија во Халкбанк, како и сите претходни месеци и пред 1-ви можат слободно да располагаат со своите средства, односно да ги користат преку своите картички во продажната мрежа или да ги подигнат на банкоматите и филијалите на банката.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг