02 Мај, 2024
0.0252

Пензионерите го превземаат товарот во Јапонија!

Објавено во: Анализа 27 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Новата економска политика на Јапонија ќе се обиде на резултира со поголема стапка на инфлација и излегувања од долгодишната дефлација која ја мачи земјата. Шинзо Абе во 2012 година доби дозвола за спроведување на ваква политика преку изборите кои ги доби со огормна победа. Јапонија е исклучително развиена и богата земја. Таа сака да игра во лигата со големите економии и токму затоа прави се што може да се врати и да биде играч во таа лига во која делува дека влегуваат многу екипи. Со 0.7% инфлација земјата ќе постигне највисоко ниво во оваа категорија во последниве пет години. Целта е да достигнат два проценти инфлација. Политиките на Абе во основа се многу слични на оние во САД каде економијата се стимулира со нови свежи пари, кои треба да ги размдраат процесите и долгорочно да се излезе од стагнацијата во која земјата се наоѓа. Кога има инфлација во основа главен проблем имаат оние кои чуваат пари. Благодарение на инфлацијата парите имаат помала вредност, бидејќи со нив може да се купат помалку работи. А најмногу пари во Јапонија чуваат старите луѓе, впрочем во Јапонија и има најмногу стари луѓе. Огромни 32 милиони жители на Јапонија се над 65 години. Или секој четврти жител на оваа земја има повеќе од 65 години. Поради слабите пензии овие луѓе генерално живеат од заштедите кои ги имаат во банките. Денеска тие заштеди не носат скоро никаква камата, а кога ќе се земе во предвид инфлацијата која таргетирано ќе расте јасно е кој ќе го доживее најголемиот удар од оваа реформа. Земјата во која жените живет просечно по 83, а мажите 80 години денеска има проблем со ова население од економски аспект. За разлика од Кина и Јужна Кореја во која 11-12% се жители кои се стари во Јапонија како што кажавме таа бројка е 25%. Јапонците секако се горди на нивната долговечност и треба да бидат и токму затоа скоро никој од луѓето нема против да превземе дел од товарот кој би му припаднал. Сите анкети покажуваат дека постарите луѓе се спремни да ја жртвуваат нивната комоција за долгорочната иднина на нивната земја. Впрочем бројките кои покажуваат дека се поголем број стари луѓе работат и покрај тоа што немаат потреба го покажуваат токму тоа. Добро кога постои општествен конзенсус за крупни теми, како економијата. Долгорочно силна и фискално здрава Јапонија позитивно ќе влијае на сите, па дури и на идните стари генерации кои благодарение на реформите можеби ќе живеат и подолго од нивните претходници. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад