03 Мај, 2024
0.0240

Пензискиот систем под закана на популистичките мерки – ќе има ли пари за пензии?

Објавено во: Анализа, Економија 04 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Неостварените макроекономски индикатори влијаеа на финансиското работење на Фондот за ПИОМ, констатираат од оваа институција во годишниот извештај за работата за 2012 година и појаснуваат дека од тие причини биле приморани за побараат позајмица од централниот Буџет. Од Фондот посочуваат дека учеството на расходите за пензии во 2012 година е 7,8% во однос на БДП и при тоа значајно за овој параметар е да не се зголемува натаму бидејќи тоа би значело поголем трошок за пензии во вкупниот БДП и тоа дополнително би го исцрпувало државниот буџет преку зголемување на дефицитот. Оваа неповолна ситуација веќе ја констатираше и Државниот завод за ревизија, а експертите посочија дека во никој случај не смее да се игнорираат состојбите во Фондот за ПИОМ. Според официјалните податоци, во периодот од 1994 година до 2012 година вкупните приходи на Фондот се зголемени за 65,1%, при што кај изворните приходи има зголемување од само 3,4%, но огромен скок има во приходите што Фондот ги добива од централниот буџет. Парите што од Буџетот на Република Македонија се трансферираат во Фондот за ПИОМ во перидот од 1994 до 2012 година се зголемени за 494,4%. Во истовреме приходите што Фондот ги има од Агенцијата за вработување бележат драстично намалување од 2009 година поради измена на законските прописи, во однос на стекнување на правото, како и во однос на основиците и процентот на пресметки за остварување. Еве како по години изгледале приходите што Фондот за ПИОМ ги имал од Буџетот на РМ Во периодот од 1994 до 2012 година, исто така, се зголемувале и расходите, како резултат на зголемувањето на бројот на корисниците на пензија и усогласувањето на пензиите. Расходите за исплата на пензиите во 2012 година изнесуваа 37.292,59 милиони денари и во споредба со 1994 година се зголемени за 42,1%, платите на вработените се зголемени за 16,6%, а другите расходи бележат намалување, додека вкупните расходи во споредба со 1994 година се зголемени за 50,6%. Дека состојбата е алармантна за Фактор посочи и поранешната директорка на МАПАС, Зорица Апостолска според која пензискиот систем е под закана на популистички мерки водени од партиски интереси, а кои може да доведат до поткопување на темелите на системот. „Во тој случај по кој знае кој пат ќе си го поставам прашањето зошто правевме реформирање на пензискиот систем за која требаше многу време и труд, а за краток период се успеа да се поткопаат темелите на добро поставениот пензиски систем и резултатите што веќе почнаа да се покажуваат по реформата. Пензискиот систем не треба да служи за политички/изборни цели, бидејќи надлежните треба да се грижат да водат политика со која ќе обезбедат адекатвитни пензии за сите генерации на пензионери, а не само за сегашните, сто впрочем и во Уставот на РМ е загарантирана социјалната сигурност и праведност за секој граѓанин на РМ“, вели Зорица Апостолска за Фактор. Колку пензионери има и колкави пензии примаат Бројот на корисниците на пензија од работничко осигурување, на крајот на минатата година изнесувал 282.334 корисници, од кои 162.086 корисници на старосна пензија или 57,4% од вкупниот број на корисници на пензија. Потоа 43.648 корисници на инвалидска пензија или 15,5% и 76.600 корисници на семејна пензија или 27,1%. Од вкупниот број на пензионери 22.534 корисници или 8,0% примаат пензија до 5.895,00 денари, што преставува најнизок износ на пензија од трета група на најниските износи на пензија, 89.599 корисници на пензија примаат од 5.895,01, до 8.416,00 денари, што претставува највисок износ од прва група на најниските пензии, односно 112.133 корисници на пензија или 39,7% примаат пензија во висина до 8.416,00 денари што преставува највисок износ од прва група на пензија од најниските пензии. Останатите корисници на пензија примаат пензија и тоа: · 39.608 корисници или 14,0% примаат пензија од 8.416,00 до 10.000,00 денари, · 81.309 корисници или 28,8% примаат пензија од 10.000,01 до 15.000,00 денари · 30.973 корисници или 11,0% примаат пензија од 15.000,01 до 20.000,00 денари, · 18.311 корисници или 6,5% примаат пензија над 20.000,01 денари. Еве колку изнесувале просечните пензии а колку просечните плати низ годините нанaзад. Сумите се во денари Според овие податоци, учеството на просечната пензија во просечната исплатена нето плата на крајот на минатата година изнесувала 51,3% а во 2001 година тој процент бил 61,7%. Колку вработени има и каков е соодност вработен/пензионер Вкупниот број на осигуреници со задолжително пензиско и инвалидско осигурување во Македонија изнесува 507.061, а од нив 222.250 или 43,8% се регистрирани во Скопје. Според сумираните податоци за минатата година на Фондот за ПИОМ, бројот на осигуреници за кои се плаќа придонес изнесува 456.180 или 90%. Соодносот меѓу осигурениците кои плаќаат придонес од работничко осигурување и вкупниот број на корисници на пензија (282.334 без воени и земјоделски пензии), изнесува 1,61 вработен на еден корисник на пензија, а соодносот меѓу вкупниот број на осигуреници и корисниците на пензија изнесува 1,8 осигуреници на 1 корисник на пензија. Според податоците дадени подолу во табелата се гледа дека во 1994 сооднсот меѓу осигурениците и пензионерите бил дратсично поголем односно 3 осигуреници издржувале 1 пензионер, но постепено овој соодност се намалува. Број на корисници на пензија и број на вработени лица Во однос на бројките за компаниите кои функционираат, во земјава има 88.628 обврзници, од кои 42.698 или 48,2% од вкупниот број се во Скопје. На листата со најмнопгу фирми следуваат градовите Струмица, Прилеп, Гостивар и Битола. Еве во кој град колку фирми има и колку луѓе тие вработуваат С.Н.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад