07 Мај, 2024
0.0233

Пензиските друштва учествуваат околу 10% од бруто-домашниот производ

Објавено во: Мои пари 03 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Со околу 10% учествуваат задолжителните и доброволните пензиски фондови што постојат и имаат цел да обезбедатекономската сигурност за граѓаните откако нема да можат сами да заработуваат, односно ќе бидат во пензија. По тринаесет години работа на вториот и девет години работа на Третиот пензиски столб, според Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), 490.035 членови колку што се во вториот столб, имаат издвоено средства во висина од над милијарда евра. Минатата година бројот на членови во задолжителните фондови порасна за 7%, а износот на парите за 13% во однос на претходната година. Вредноста на средствата на доброволните пензиски фондови, пак, на крајот на минатата година достигна 26 милиони евра. Во доброволните фондови, во кои се издвојуваат средства на доброволна основа, лани имало 24.388 членови и нивниот број пораснал за 2,5% во однос на 2017 година.

Она што за членовите во двата пензиски столба е најважно е дека друштвата кои управуваат со нивните пари, во сите овие години постоење, истите ги инвестираа, остварувајќи дополнителен приход. Како резултат на работењето на задолжителните пензиски фондови, во седумгодишниот период 2012– 2018, остварен е просечен годишен принос во номинален износ од 5,97%. Кај доброволните, просечниот принос во номинален износ изнесува 5,81%. Остварените приходи се значително поголеми од она што граѓаните би го „заработиле“ доколку парите ги издвојуваа на банкарска сметка, бидејќи банкарските камати последниве години се во постојан пад.

Вложувањата на средствата кои се издвојуваат за идна пензија е законски контролирано, за да се обезбеди сигурност на парите на членството. Минатата година структурата на инвестициското портфолио на задолжителните фондови, според МАПАС, се состоеше од домашни инвестиции кои вклучуваат државни хартии од вредност (57%), депозити (11%) и акции (3%), како и инвестиции во странство кои вклучуваат удели на инвестициски фондови (21%) и акции (6%). Слична е структурата на инвестиции е и во друштвата од третиот пензиски столб.

„Средствата кои ги издвојуваат членовите за пензиски денови се сигурни бидејќи инвестирањето е во согласност со строги законски правила и други прописи од областа на капиталното финансирано пензиско осигурување и секако во согласност со инвестициската политика на нашите фондови, а под постојан надзор на МАПАС. Дополнително, за средствата на фондовите со кој управува КБ Прво пензиско друштво се грижи институцијата Банка чувар на имот, а во моментов тоа е Шпаркасе банка Македонија”, вели Предраг Милошевски, член на Управен одбор – Втор Генерален директор на КБ Прво пензиско друштво

КБ Прво пензиско друштво инаку е единствено пензиско друштво во земјава кое е со домашен капитал, бидејќи еден од неговите сопственици е Комерцијална банка, една од најголемите банки во Северна Македонија, која заедно со Прва покојнинска дружба од Љубљана (сега PrvaGroupplc), со стартот на пензиските реформи, во 2005 го формираше КБ Прво пензиско друштво. Двете банки, едната како сопственик, втората како банка чувар, претставуваат дополнителна сигурност на средствата кои членството ги издвојува во фондовите со кој управува на КБ Прво пензиско друштво.

Банка чувар на парите на Сава пензиско друштво е НЛБ банка Скопје, додека за чувар на парите на пензиските фондови на Триглав пензиско друштво, кои се новите членови во семејството фондови бидејќи во текот на годинава од МАПАС добија лиценца за формирање, е Комерцијална банка АД Скопје.


Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“