05 Мај, 2024
0.0513

Персиски шах стар 1000 години изложен на аукција во Лондон

Објавено во: Стил 17 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Шахот е изложен на аукција, а цената достигнува 63 000 евра.

Комплет шах, кој датира од времето на Персијците беше изложен на аукција во Лондон. Фигурите и таблата за мисловната игра се изработени пред повеќе од 1000 години. Се очекува пронајдокот да  ѝ донесе на аукциската куќа над 63 000 евра.

„Да се ​​најде целосен сет како овој, во кој не недостасуваат одделни делови е исклучителна реткост"- коментира директорот на одделот аукциска продажба, Бенедикт Картер.

Токму тоа го прави откритието уште повредно. Оттаму појаснуваат уште дека предметната персиска империја постоела околу денешен Иран, Авганистан и Централна Азија пред повеќе од 1000 години.