26 Април, 2024
0.0300

Пеш преку Табановце, скопјанец сакал да пренесе над 90 илјади евра

Објавено во: Мои пари 03 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Спречен обид за нелегално внесување на 90 илјади евра и 28.300 дански круни на Табановце. Непријавените пари цариниците ги пронашле кај скопјанецот О.Р. кој вчера попладне на граница пристигнал со автобус, но на меѓуграничниот просторот одлучил да слезе од него и да ја помине границата пеш. Прашан дали има нешто да пријави, скопјанецот рекол дека со себе носи само личен лап-топ. При преглед на неговиот ранец, во два бели коверти, цариникот пронашол 100.000 евра и 28.300 дански круни (околу 4 илјади евра), информираа од Царинската управа. Против О.Р е поведена прекршочна постапка и му се вратени 10.000 евра, износ што според Законот за девизно работење може слободно да се внесе, а останатитепри му се одземени. Според директорот на Царинската управа Ванчо Каргов, од почетокот на годината има чести заплени на девизи. Од почетокот на годинава откриени се 42 обид за нелегално пренесување преку граница на готови пари и хартии од вредност во различни валути, во противредност од околу 430 илјади евра, од кои 330.390 евра, 44.000 американски долари, 90.900 швајцарски франци, 13.700 бугарски лева и 28.300 дански круни. Покрај ова одземени се и чекови во противвредност од 99 илјади евра.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“