Пет години работел во Германија, се вратил и основал фирма
Објавено во: Финансии 16 Јуни, 2017
Томислав Стојановиќ(33) од Градиште, Хрватска пет години работел во Германија по што се вратил во родната земја и основал фирма.
Запливал во претприемачките води. Сакал да докаже дека и во Хрватска ако се работи, може пристојно да се живее.
Вели дека во Германија пред неколку години заминал затоа што немал друг излез и му требале пари.
„Кога доаѓав дома, пријателите и колегите ме бараа да им завршам некоја работа. Видов дека има работа за градежништво. Со двајца пријатели од детството дојдов на идеја дека е добро да почнеме со мала фирма која ќе работи на нашето подрачје и ќе нуди градежни услуги“ - вели тој.
Засега имаат 11 работници, но како што обемот на работа се зголемува, можно е и таа бројка да расте.