18 Мај, 2024
0.0272

Пет хранливи продукти кои ви ги препорачува маж на 114 години

Објавено во: Стил 01 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Никој не би поверувал дека Бернардо ла Пало е роден на 17 август 1901 година, но и сега се наоѓа во добра физичка кондиција иима добро срце. Уште во младоста Бернардо одлучил дека сака да живее долго и среќно. Со сила на волјата многумина му завидуваат. Лекарите, кои го истражувале столетникот, тврдат дека тој е во многу подобра состојба од повеќето 70-80-годишни мажи.

На 114 години тој решава со задоволство крстозбори, чита книги и ужива во добра меморија. Дедото смета дека важни продукти за долговечноста се пет мошне популарни храни и редовни физички вежби. Освен тоа Ла Палло не јаде црвено месо а  претпочита овошје, зеленчук и житарици.

Еве ги и петте производи кои му го продолжиле животот:

1. Мед Бернардо тврди дека ако човек се откаже од шеќерот и се осврне на приготвената храна со мед, ќе живее значително подолго.

2. Лук Лукот не само да се додава како зачин на јадењето, исто така има антисептички и антибактериски својства. Содржи и многу витамини, кои го зајакнуваат имунитетот.

3. Чоколадо Многу луѓе се обидуваат да се откажат од чоколадото. Но Бернардо тврди дека прават голема грешка, ако го заборават сосема. Во мали количини чоколадото го подобрува расположението и ја нормализира работата на кардиоваскуларниот систем. Само чоколадото треба да е вистинско и да содржи голем процент на какао.

4. Цимет Циметот не е само зачин, кој го подобрува вкусот на храната, тој е во можност да го намали нивото на лошиот холестерол и да го спречи дијабетесот.

5. Маслиново масло Маслиновото масло се сметало во Стариот Рим за еликсир на среќата и младоста. А квалитетното маслиново масло е многу корисно за организмот. Неговите подмладителни својства се должат на содржината на витамин Е и антиоксидансите.