05 Мај, 2024
0.0255

Пет корисни навики на Ворен Бафет

Објавено во: Стил 23 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Кога Ворен Бафет зборува, сите слушаат. Стотици акционери во фондот „Berkshire Hathaway“ го преплавуваат гратчето Омаха во Небраска секоја година, кога тој го има своето обраќање до Генералното собрание, за да слушнат што има да каже за инвестициите и финансиите.

Ако има бизнис лидер кој може да ужива на слична посветеност, тогаш ова е Оракл од Омаха.

Практично тој го  удвоил или утроил своето богатство во секоја деценија од животот. Во моментов на 85 година (роден е во 1930 година), тој поседува 67 милијардид олари и е меѓу тројцата најбогати луѓе на планетата.

А колку чини една акција од неговиот фонд? Што ќе кажете за 191 396 долари? Тоа е доволна сума да се купи куќа.

Напишани се бројни книги за животот на Бафет и акумулацијата на неговото богатство. Само во „Amazon“ излегуваат 20 страници резултати при пребарување на книги . Да не зборуваме за статиите на интернет.

Но нема многу информации што прави надвор од работата. Што не е изненадувачки, со оглед на културата на работохолизам, царот во инвестициските средини.

Видете ги 5 Навики кои тој ги прави секој ден и од кои може да се учи, за да бидете поуспешни:

1. Читај 500 страници секој ден Пред извесно време, кога го прашале како човек учи и станува попаметен, тој кренал куп листови и одговорил: „Читам 500 такви страници секој ден. Така се гради знаење, како сложена камата“. Бафет признава дека поминува 80% од денот во читање; на работа - финансиски вести, весници, извештаи, и дома - весници и книги. Некои луѓе не читаат толку и за  една година. „Повеќе се посветувам на размислување и читање, и донесувам помалку импулсивни одлуки од повеќето луѓе во бизнисот“, вели тој.

2. Спортувајте барем малку

Еднаш во одговор на прашањето како човек да остане млад, Бафет вели: „да јаде како 6-годишен“. Ова вклучува и испиени 5 пијалоци Кока-Кола на ден. „Јас сум една четвртина Кока-Кола“, признава тој. (Може да се прифати и буквално, бидејќи Фондот му поседува 16% од акциите во компанијата).

85-годишниот Бафет јаде хамбургери, стекови, помфрит и пие безалкохолно пиво. Во 2007 година лекарот му поставил дилема - „или се храни здраво, или се збогувај“. Бафет го избрал помалото зло - вежбите. Малата промена во животните навики треба да вроди со плод. Откако го победи ракот на простата во 2015 година, тој се уште изгледа во добра форма на поодмината возраст. (На сликата погоре - Бафет и Бил Гејтс играат тенис на маса пред генералното собрание на акционерите на „Berkshire Hathaway“ во 2013 година )

3. Бидете благодарни

Следејќи го примерот на идолот си Чак Фини (кој го донира целото богатство), Бафет е еден од најголемите донатори во светот. Тој ја објавил својата намера да донира 99% од своето богатство за добротворни и научни цели. „Ако си од најсреќните 1% од луѓето должен си да се грижиш за останатите 99%“, вели Бафет . Тој е препознатлив и со својата штедливост. Сеуште живее во куќата, која ја купил во 1958 година за 31 500 долари, вози стар автомобил, живее скромно. Кога поканува инвеститори во Омаха, ги води на појадок во Мекдоналдс.

4. Играј игра која бара трпение

Како Чак Фини, и Бафет признал дека управува со статус како на игра. Тоа не е изненадувачки. Тој ги сака игрите и редовно решава финансиски ребуси, за да се справи со своите инвестиции. Сака да го одржувам умот со игра на бриџ, дури често може да се види во локалниот центар во Омаха да игра на 6-7 долари облог со пензионери. „Ова е добра интелектуална вежба, спаѓа во нова ситуација за решавање на секои 10 минути. Бриџ е поврзан со мерењето на соодноси на добивки и загуби и цело време правиш сметки“, вели Бафет.

5. Најди си хоби само за забава

За финансискиот аналитичар на Волстрит, кој работи на над 100 часа неделно, нешто толку поразлично како хоби неизбежно останува во заден план. Но Ворен си ги сака хобињата. Сигурно нема да поверувате, но тој свири еден- гудачки музички инструмент од родот на гитари, популарен на Хаваите и во САД. На „YouTube“ има неколку видеа, на кои може да се види како инвеститорот пее песни за Кока-Кола или свири дуети со Бон Џови.

Може да се уверите во тоа во самото видео:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/zuQj4uDZuMU[/embed]