26 Април, 2024
0.0333

Пет начини како да си ја подобрите креативноста

Објавено во: Стил 13 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Сајтот Motivation grid  дава совети за тоа како да ја ослободите својата креативност. 

Потиснете го стресот. 

Стресот е убиец на креативноста. Ако од него се оттргнете, тогаш вашата креативност ќе излезе на виделина. Можете секој ден по 15 минути да медитирате или да вежбате барем 3 пати неделно. 

Направете распоред

Така ќе ја испланирате вашата дневна рутина. Ако си го планирате времето, често ќе најдете моменти за да бидете креативни. 

Учете од конкуренцијата

Без разлика со што се занимавате, морате да ја истражите вашата конкуренција. Посетете нови места, запознајте нови луѓе и правете работи кои претходно не сте ги правеле. Така ќе дознаете во кои други насоки можете да се развивате. 

Бидете авантурист

Направете блог каде ќе раскажувате за вашите патувања, можеби тоа ви недостига. 

Гледајте ја пошироката слика 

Често пати ние сме криви затоа што не живееме креативно. Притиснати сме од обврски, рокови, од брзање. Кога го работите она што го сакате, вие просто зрачите. Ако сега во моментов се мачите, гледајте ја пошироката слика и најдете време за креативност. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти