02 Мај, 2024
0.0251

Пет начини мирно да ја дочекате следната плата

Објавено во: Стил 10 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Излегување од волшебниот круг на живот од плата до плата не е лесен, но може да се изведе ако имате добар „акционен“ план. Тоа е можно, се подразбира, под услов да сте среќници кои не живеат од минималец или под просечна плата. Ви пренесуваме пет начини како тоа да го направите: 1. Реално согледајте ги своите трошоци Кога не знаете на што ви „летаат“ парите многу е лесно да паднете во циклус преживување од плата до плата. Ако не можете точно да ги согледате сопствените трошоци тешко е да утврдите зошто на крајот на месецот ви недостасуваат пари. Со анализа на трошците најлесно ќе направите сопствен буџет. 2. Укинете ги непотребните трошоци Следен чекор е да ги укинете трошоците кои не се неопходни. Тоа важи за вашите месечни сметки, но и за оние варијабли, неочекувани трошоци. Следен пат кога нарачувате достава или одите четврт пат тој ден на кафе, размислете колку тоа ве чини на крајот на месецот. 3. Намалете ги долговите Камати за кредитни и дебитни картички месечно „јадат“ прилично пари. Нека намалувањето на долговите по картички ви биде примарна цел. 4. Зголемете ги приходите Заштеда на сметки и намалување на долг може нема да бидат доволни да се извлечете од западнатата состојба. Размислете за тоа како можете да ги зголемите приходите. Ако работите за работодавач кој не плаќа прекувремено, можеби е време да размислите за некоја додатна работа која ќе ви го „здебели“ домашниот буџет. Дури и илјада денари месечно може да направи голема разлика. 5. Нека штедњето ви стане приоритет Обидете се месечно да оставите на страна одреден износ кој на себе можете да си го дозволите. Замислете како да се работи за една од сметките кои мора да ги платите. Дури и неколку стотина денари месечно на крајот на годината ќе се соберат во пристоен износ кој сте успеале да го заштедите.