27 Април, 2024
0.0258

Пет утрински ритуали кои ќе го направат вашиот ден посреќен

Објавено во: Стил 11 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Начинот на кој го започнуваме денот го поставува тонот за целиот ден. Утрото е тешко за многу луѓе. Но, ако сакате посреќен и продуктивен почеток, создадете свој утрински ритуал. Тоа може да ви помогне и да го олесни вашиот ден. Истражувачите откриле дека обичните ритуали можат да бидат ефективни во подигање на довербата и ублажување на анксиозноста.

Еве некои утрински ритуали што можете да ги пробате.

1. Станете порано.

Луѓето кои се успешни во бизнисот се често ранобуди. Ако се разбудите порано, можете да го започнете денот посвој распоред.

2. Уживајте во појадокот.

Наместо да излезете од куќата со чаша кафе, поминете неколку минути за да уживате во првото јадење. Јадењето на истото секој ден може да ја направи оваа навика лесна обврска.

3. Направете план.

Стив Џобс го почнува секој ден гледајќи се во огледалото и прашувајќи се: "Ако денес беше последниот ден од мојот живот, дали тоа е она што јас би сакал да го направам?" Ако одговорот "не" е присутен премногу често, тоа е знак дека нешто треба да се промени. Планот на денот ви дава чувство на насока и достигнување кога ќе ги поставите целите на денот.

4. Правете вежби.

Утрото не е само најдобро време за вежбање, но може да го зголеми вашето расположение и да ви помогне да управувате со стресот. Започнете со јога, или возење велосипед.

5. Бидете благодарни.

Добар ритуал за да додадете во утринската рутина е да потрошите неколку минути на благодарност. Опра Винфри посветува време да ужива во пеењето на птиците и појавата на сонцето. Милијардерот Џон Пол Дејорија троши 5 минути во тишина, почитувајќи го она што го има во животот. Секое утро, актерот Вил Арнет прави список од 10 работи за кои е благодарен, почнувајќи со своите деца.

Не треба да го поставите вашиот аларм за 4 часот изутрина за да го искористите позитивниот утрински ритуал, но сигурно помага за посреќен и попродуктивен ден. Најдете време за себе. Со вашиот утрински ритуал можете да добиете повеќе од еден ден.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти