17 Мај, 2024
0.0291

Петровска: Од САД добивме 139 милиони долари за модернизација, што е далеку повеќе од вредноста на воените донации за Украина

Објавено во: Македонија 25 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на телевизија АлСат зборуваше за можната донација на хеликоптери на Украина, како и за тоа што земјава добива за возврат по одлуките за донација на опрема и вооружување на оваа земја која ја брани својата сувереност.

Петровска појасни дека анализата на Генералштабот за тоа дали земјава може да ги донира хеликоптерите Ми-24 е завршена и дека на следната владина седница ќе достави предлог за донесување на одлука со која Македонија ќе и донира 12 хеликоптери на Украина. За хеликоптерите произведени во 1984 година, посочи дека голем дел од нив од 2015 година се истечен ресурс, не се користат и согласно Стратешкиот одбранбен преглед не се предвидени во формацијата на Армијата. Појасни дека како и со останатите одлуки, ниту оваа на никаков начин не би влијаела на борбената готовност на Армијата.

„Сета опрема која што досега беше донирана, освен што е на барање на Украинците, ним им е потребна и тоа е опрема за која украинската армија е вешта во користењето, е опрема која согласно нашите планови за модернизација веќе е на истекот на користење, нема да биде во составен дел на нашето вооружување и многу е извесно дека за кус временски период, ќе требаше да ни биде наплатено за да ја уништиме“, рече министерката.

Во однос на финансиските импликации, Петровска истакна дека проценката на вредноста на донациите без можната донација на хеликоптери изнесува околу 30 милиони евра, но дека за само помалку од една година Северна Македонија беше поддржана од САД со 139 милиони долари, наменети за набавка на нова, најсофистицирана опрема.

„Што добива Северна Македонија за возврат е прашање кое е исто така легитимно да се постави. Само за помалку од една година САД одобрија користење на финансиски средства во износ од 139 милиони долари, тоа е неколкукратно повеќе од тоа што ние сме го донирале. Тие се за поддршка на Планот за модернизација на нашата Армија, односно сето она што е предвидено да се набавува и оваа и наредните години“, истакна министерката.

За плановите за набавка на нови хеликоптери, министерката информираше дека во завршна фаза е деталната евалуација на петте пристигнати понуди за набавка на повеќенаменски хеликоптери и анализата за тоа дали тие се во согласност со нашите барања и потреби. Појасни дека станува збор за повеќегодишна набавка на осум повеќенаменски хеликоптери.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање