ПЕТТА РУНДА: Собранието продолжува со конститутивна седница-до кога ќе се одолговлекуваат важните прашања?
Објавено во: Македонија 31 Март, 2017
Парламентот ја продолжува конститутивната седница а на дневен ред уште е изборот за претседател на Комисијата за избор и именување на претседател на Собранието.
Овие точки се на дневен ред веќе пет дена, меѓутоа за нив воопшто не дојде ред да се расправа, а се губи време на „албанската платформа“, прислушуваните разговори и кој што направил за Македонија. Пратениците не престануваат да се фаќаат за гуша и покрај повиците на Вељаноски да прекинат репликите и контрарепликите. СДСМ ги обвини претставниците на коалицијата на ВМРО ДПМНЕ дека оневозможуваат избор на претседателот на Собранието со честото и долго јавување на реплики и контрареплики. Конститутивната седница беше прекината на 30 декември лани, а потоа продолжи пред пет дена.