26 Април, 2024
0.0298

Пинки го виде Тито – во Москва!

Објавено во: Македонија, Колумни 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот Ѓорге Иванов беше два дена во Москва. Официјалниот повод беше примањето на наградата „Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Алексиј Втори", а неофицијалниот, средба со рускиот претседател Владимир Путин. Веднаш мора да се биде јасен. Алал да му е на тој дипломат, наш или руски, кој успеа да му ја организира средбата на Иванов со Путин. Овој пат немаше намигнувања како со Обама, туку вистинско ракување и разговор. Иванов не е првиот македонски претседател кој се сретнува со својот руски колега. На гости кај Борис Елцин беше Киро Глигоров, со Путин се имаат сретнато Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Четири средби на македонски претседатели со руски колеги за изминатите дваесет и повеќе години. За средбите на словенечките претседатели и премиери со руските лидери малку се сите прсти  и на рацете и на нозете.

Оваа посета на Русија не му е прва на Иванов. Претходните беа посета на некој настан или свечености. Есента 2012 година учествуваше во меѓународниот форум „Светот и спортот“ во Сочи. Во февруари 2014 година присуствуваше на отворањето на Зимскитеолимпискиигри во Сочи, а потоаја посети Москва во рамките на 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи. Притоа го посети и Саемот за храна и земјоделство во Москва. На 9 мај 2015 година присуствуваше во Москва на свеченостите по повод 70 годишнината од победата во Втората светска војна. Поминаа пет години од првата посета на Русија, па македонскиот претседател да има можност да се сретне со Путин. Може да се претпостави дека Путин се одоброволил да го прими Иванов токму на денот кога му е врачено високото црковно признание и поради фактот дека рускиот претседател е приврзаник, ако не и промотор, на единство на православието, како контр апункт на Западот, „кој сака да го уништи православието“, како што тврдат некои руски интелектуалци.


Што ќе и донесе посетата на Иванов на Москва на Македонија? Да видиме што рече Путин пред официјалниот дел на средбата во Кремљ. „Знам дека дојдовте во Русија во несекојдневен ден и несекојдневен повод – по повод врачувањето на наградата на православниот фонд на единство на православните народи. Денес во Русија е свеченден – Денот на словенската писменост, а писменоста кај нас дојде токму од македонската земја.“, рече Путин. Тој изрази задоволство дека македонско-руските односи се унапредуваат и, како што рече, има позитивно движење во економската размена. -Со особено внимание следиме се што се случува во вашата земја. Посакуваме внатре политичката ситуација во Македонија да се развива согласно Уставот и демократските принципи. Уверен сум дека вашето искуство, вашето влијание и авторитет ќе придонесе за тоа, истакна претседателот Путин.

Ако првиот дел од изјавата е пригоден, вториот веќе зборува за суштина. Путин повикува на уставно решавање на кризата. Тоа е веќе новост, која минатиот четврток ја озвучи и портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова, кога исто така повика на уставно разрешување на кризата. Ова е еволуција на рускиот став во однос на развојот на настаните од пред шест месеци, односно од декемвриските избори. Веќе не се зборува дека влада треба да направат Груевски и Ахмети, ниту за натрапници во Собранието кои биле истепани од револтиран народ. Неговата увереност дека Иванов со неговото искуство, неговото влијание и авторитет ќе придонесе за уставно решавање на кризата, ако не е потсмев, тогаш е погрешна проценка на состојбите во Македонија, а која му е сервирана на Путин. Иванов, ниту има влијание и ќе го има уште помалку, ако се направи нова влада. Ниту има авторитет, после се она што направи да ја влоши ситуацијата со нарушување токму на Уставот на кој се повикуваат Путин и руското МНР. А искуството очигледно не го научило да не повикува на амнестија на криминалците со качулки кои „понесени од емоциите“ влегле во собранието…Демократските принципи му се со касно палење.

Некои сознанија за средбата во јавноста дојдоа од медиумите и тоа искажани од устата на Иванов. „Македонија има јасни стратешки определби и опстојува на нив, не сакајќи да наштети никому, води политика на отвореност, негува добронамерни односи на пријателство, соработка и меѓусебна почит, му кажал Иванов на Путин. Се разговарало и за состојбата во Македонија и во регионот, за економската соработка, за црквата…Според Иванов, „политичката криза што ја имавме во последните 2,5 години доведе до застој во функционирањето на заедничката меѓувладина комисија со Русија која, се надевам, сега со формирањето на новата влада ќе може да профункционира и да ги продолжи позитивните трендови во економската соработка“. За не зборувал и Путин.

Рускиот претседател се интересирал за ситуацијата во Македонија и на Балканот, бидејќи, целиот регион поминува низ турбулентен период и сакал лично да се информира за одредени состојби.Исто така тој сакал да чуе македонските согледувања за состојбите во целиот наш регион, на Блискиот Исток, на Балканот. Детали од средбата сигурно нема да излезат во јавноста, но интересно е како реагирал Путин, на пример, кога Иванов му кажал дека наш стратешки интерес е влез во ЕУ и во НАТО? Наспротиинтересот на Русија за военонеутрална зона на Балканот! Што ќе направи Македонија нејзините стратешки определби да не бидат на штета на односите со Русија? Дали ќе се однесува како српскиот претседател-премиер Александар Вучиќ, за кого политиката на Јосип Броз Тито во однос на големите сили е пример за успешност. Но се заборава дека Тито беше на чело на голема држава, а ниту Србија, ниту пак Македонија се моќни како тогашната Југославија.

Кога веќе го спомнав Тито, посетава на Иванов ми личи на желбата на Пинки да го види Тито. Зашто, поводот за посетата беше наградата, ама, ако може, да се види и Путин во Москва. Бошко Палковљевиќ Пинки, откако го видел Тито, бил покосен од германски рафал. Секако дека Иванов не може да биде покосен од германски рафал, ама  до крајот на мандатот сигурно нема да го види Путин уште еднаш.

Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски