28 Април, 2024
0.0257

Пластика во „Марс“ – Се повлекуваат од продажба!

Објавено во: Стил 23 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Чоколадниот гигант „Марс“ нареди големо повлекување на  “mars” и “snikers” чоколадни штангли како и „милка веј“ во Германија откако е пронајдена пластика во еден производ, пренесе БиБиСи.

„Марс доборволно одлучи да се повлечат чоколадните производи на компанијата откако се пронајдени траги од пластика во производот“, се наведува во соопштението на компанијата.

Како што е соопштено, компанијата од продажба ќе ги повлече сите производи на кои им важи рокот од 19 јуни 2016 до 8 јануари 2017 година, а целосната листа може да се најде и на нивниот сајт.

„Со ова повлекување сакаме да спречиме потрошувачите да конзумираат некои од наведените производи“, речено е од „Марс“.

Овој американски гигант произведува околу 10 милиони чоколади дневно во својата фабрика во Западна Германија.

Портпаролот на „Марс“ сеапк не можел да каже дали ова повлекување било најголемо некогаш во историјата на компанијата.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти