03 Мај, 2024
0.0295

ПЛАТА И ДО 33 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, ВРАБОТУВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА - се примаат шест извршители

Објавено во: Македонија 21 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Ќе има нови вработувања во Министерството за одбрана. Во таа институција објавен е оглас за прием на шест нови кадри, чии плати ќе се движат од 22 до 33 илјади денари.

Огласот пред неколку дена е објавен на веб страната на Агенцијата за администрација.

Прво, ќе се прима еден помошник раководител на секторот за услуги и туризам, возен парк и одржување. Тој треба да има завршено факултет од општествени науки, како и најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор. Од посебни работни компетенции треба да поседува активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потоа потврда за положен испит за административно управување, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија, односно англиски, француски и германски.

Согласно годишниот план на Министерството за 2022 година, за оваа работна позиција може да конкурира единствено Македонец или Македонка според својата етничка припадност.

За овој кадар е предвидена плата од 33 илјади денари, или прецизно 32.922 денари месечен надомесдток.

Едно работно место е предвидено за позицијата советник-аналитичар за oдранбена политика и планирање. Тој треба да има високо образование од областа на општествените науки или природно-математичките науки, како и најмалку три години работно искуство во струката. Се бара активно да ги познава компјутерските програми за канцелариско работење, како и еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ.

За ова место ќе конкурира Албанец, а за него е предвиден нето износ на плата од 26.313 денари.

Министерството за одбрана бара и помошник раководител на секторот за финансии. Тој од образование треба да има Економски факултет, и најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор. Од посебни работни компетенции треба да поседува активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија.

За оваа работна позиција според планот на институцијата ќе конкурира Македонец, а неговата плата исто така ќе изнесува 33 илјади денари.

Четвртото работно место е за советник за нормативни работи, во Одделението за соработка со Владата во врска со изработка на акти од областа на одбраната, правни, управни и општи работи. Тој треба да има Правен факултет и најмалку три години работно искуство во струката. Тој треба да биде Македонец, а неговата плата ќе изнесува 26.313 денари.

МО бара и помлад соработник за административни и општи работи, кој треба да има факултет од општествени науки. И тој треба да биде Македонец според националноста, а ќе зема плата од 22.083 денари.

И конечно, се бара и помошник раководител на секторот - Воено воздухопловен авторитет. Тој треба да има Правен факултет, како и најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.

Од посебни работни компетенции треба да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија.

За оваа работна позиција може да конкурира само граѓанин кој е Турчин по националност, а ќе зема плата од 33 илјади денари.

Јавната администрација, иако постојано се зборува дека подлежи на реформи, не престанува да се полни со нови кадри, и тоа главно несуштински вработувања, како што се советници, раководители и слично.

Од искуство на граѓани кои се обиделе да конкурираат на огласите што се распишуваат за пополнување на места во јавниот сектор , а кои немаат партиски или владини конекции, се дознава дека за нив се бараат многу предуслови кои кандидатот мора да ги исполни, но дека на крајот и покрај сите тестирања и сертификати, се успева да превагне блискоста на конкурентите со одредени владини или партиски структури, и токму тие го добиваат работното место.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ