Плоштадот Скендербег потопен по дождовите, каде лежи проблемот?
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2017
Плоштадот Скендербег кој беше главен градежн проект на ДУИ со кој направи мала контра тежа на Скопје 2014 покажува големи проблеми и по дождовите овие денови платформата е потопена, а водата не се слева во замислените шахти.
Проектантот Бетим Зеќири за Алсат М објаснува дека проблемите ќе се решат кога се ќе биде завршено.
„Системот за дренажа е софистициран. Има шахти, но тие не се гледаат на површина. Кога има големи количини на дожд, како сега, доаѓа до собирање на водата на површина. Овој проблем може да се избегне со завршување на втората фаза, кога целиот систем ќе биде вклучен. Тогаш ќе има поконстантен систем на менаџирање, односно одржување на системот за дренажа“, вели Зеќири.
Но, архитектот, Мирослав Грчев смета дека „Плоштадот Скендербег“, е направен повеќе за политички цели, отколку за граѓаните и дека некаде постои проблем во целата процедура.
Проектот кој се гради во три фази во изминатите години иако е далеку до завршување веќе е во лоша состојба за што сведочи грдата слика, од бекатон-плочките никнува трева, клупите се искршени, кантите се уништени, а и лифтот е вон употреба.