17 Мај, 2024
0.0458

Плукаат и киваат крв: Граѓаните на Бангкок едвај преживуваат од токсичниот смог

Објавено во: Свет 01 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Бангкок е толку погоден од смог и загаден воздух што жителите кашлаат и киваат крв.

Проблемот со загадувањето во градот има толкав замав што дури и миленичињата страдаат од болести предизвикани од смог.

Густиот облак од токсичен смог составен од опасни честички PM2.5 стана незбежен за белите дробови на луѓето и го затвори тајландскиот главен град последните две недели.

Експертите предупредуваат дека долгорочните трошоци за загадувањето предизвикано од возила, градежни проекти, горивa би можеле да бидат во десетици милиони долари.

Но, како што покажуваат граѓаните на социјалните медиуми, жителите и животните веќе се погодени - киваaт и кашлаат крв и покрај нивните маски за лице.

Ситуацијата се влоши толку што властите во Бангкок морале да издадат наредба која досега во тој град не била забележана. Наредиле да се затворат скоро 450 училишта.

Во исто време властите се борат да го спречат аерозагадувањето како и се поголемата грижа кај граѓаните.

Светските медиуми како Гардијан и Дејли меил јавуваат како властите планираат со помош на дронови во воздухот да распрскаат течност со која би го исчистиле воздухот од миркоскопски честици. Не е јасно колку таа метода ќе биде ефикасна.

Меѓудругото се издадени и предупредувања како состојбата во градот ќе биде посебно лоша до 3 или 4 февруари.

-Состојбата ќе биде посебно лоша до 3 или 4 февруари па одлучивме да ги затвориме училиштата-рекол градоначалникот Асвин Кванмуанг.


Фото: АП

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра