По барање на ОЈО пет лица лишени од слобода за нападот врз Зијадин Села
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2017
Пет лица се уапсени за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април.
Ова го соопштија од ОЈО од каде што велат дека истрагата е проширена за уште пет лица.
„Во врска со постапката што се води во Основното јавно обвинителство Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донесе Наредба за проширување на истрага за уште 5 лица за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.
Петте лица, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени од слобода при вршење на претрес во нивните домови“, велат од ОЈО.
ОЈО презема презема дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица.